Славните снагатори Британецот Еди Хол и Исланѓанецот Хафтор Бјорнсон се подготвуваат за меѓусебен боксерски меч. До неодамна големите ривали на Свет на најсилните мажи ќе покажат во септември кој е подобар во рингот. Имено, нивниот дуел беше прогласен за „најтежок боксерски меч во историјата“, затоа што и двајцата некогаш имаа околу 200 килограми.
Хафтор Бјорнсон, кој се прослави и со улогата на Грегор „Планината“ Клиган во глобално популарната хит серија „Игра на троновите“, веќе имаше неколку егзебициски мечеви.
Пред неколку месеци се бореше со 60 килограми полесниот Британец Стивен Вард, а сега во рингот влезе против британскиот тешкаш.
Планината боксираше против Симон Валили во Дубаи, и покажа голем напредок.
Во еден момент се најде на подот, но добро се снајде и ја продолжи борбата како ништо да не се случило.
Бјорнсон по одличните четири рунди испрати порака до неговиот следен противник, Еди Хол.
„Се надевам дека тренираш максимално затоа што доаѓам по тебе и ќе те нокаутирам. Те почитувам и знам дека тренираш напорно, но ќе завршиш на подот“, рече Хафтор Бјернсон и додаде:
„Сè посветив на боксот. Тренирам три пати на ден и многу го почитувам спортот. Сега сфаќам колку е навистина тежок боксот.
А, како се снаоѓаше Бјорнсон во рингот против Валили, погледнете ТУКА.