Јунакот Миша Тејт: Четири километри носела повредено девојче во планина (ВИДЕО)

Misha Tejt i devojceto

Ѕвездата на УФЦ, Миша Тејт, се нашла на вистинското место во вистинско време и дејствувала како вистински херој. Прискокнала на помош на родителите чија ќерка ја скршила раката и ја носела цели четири километри до медицинската помош.

Поранешниот светска шампион со пријателите била на планинарење на водопадите во Мери Џејн, кога ги сретнала родителите чија шестгодишна ќерка паднала и ја повредила раката. Миша без размислување и прискокнала на помош, го земала девојчето во рацете и ја носела четири километри до најблиската медицинска помош.

Misa Tejt i devojceto

На малечката Каи, која ја скршила раката, и била укажана медицинска помош и била пуштен на домашна нега. Нејзините родители Миша Тејт ја опиша како неверојатно драга личност која ги спасила од неколкучасовно пешачење. Воинката на Инстаграм објави и видео во кое Каи и се заблагодарила и оваа ситуација ја нарече за еден од најголемите успеси во својата кариера и животот. И додаде:

„Ова само потврди само дека сум била во право кога и одговорав на сите оние кои ми зборуваа дека сум премногу „набиена“ и машкобањаста и дека треба да престанам да кревам тегови, бидејќи тоа не е атрактивно за жени. Многу сум среќна што никогаш не слушав тие ограничувања кои други сака да ми ги наметнат. Силата и убавината одат заедно“.

ВИДЕО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON