На Светското сениорско првенство во бокс во Ташкент, Узбекистан, Македонија настапува со двајца боксери, Ален Рустемовски и Арјан Исени, а билансот досега е една победа и еден пораз. Сепак, ова се дебитнатски настапи на нашите боксери и се од големо значење за нивната кариера.
Тренерот Јове Петровски – Оцо ги предводи нашите репрезентативци, кој е клупски тренер на Ален Рустемовски, направи осврт на првите настапи на Ален и Арјан.
„Ален Рустемовски на ова Светско првенство за противник го имаше искусниот Индиец Мухамад Хусамадин, 29-годишен боксер и доста искусен од големите меѓународни натпреварувања. Ален е младо и талентирано момче кое ветува многу за македонскиот бокс. Ова за него е вистински тест во вистинско време. Борбата си течеше сама по себе искуството си го напрај своето, првата рунда ја загубивме 1-4, втората рунда 0-5 и третата ја добивме 3-2.
Како негов тренер, многу сум задоволен од прикажаниот бокс на Ален. За првпат сме на вакво големо натпреварување и тоа во земјите каде боксот е најсилен и најмасовен, а за противник имавме боксер од азискиот континент. Ова е големо искуство за нас. Уште од утре почнуваме со работа, односно да спарингуваме со другите боксери кои сакаат спаринг-борби“, вели Петровски и додава:
„Арјан Исени за противник го имаше парагвајскиот боксер Лино Фереира. Арјан од самиот старт наметна напаѓачка иницијатива, а така продолжи до самиот крај на борбата.
Битна победа за нас како тим, а и за негова самодоверба за следниот меч со рускиот боксер Имам Хатаев, кој е еден од фаворитите за медал“.
Исени утре боксира со Русинот Хатаев.
На ова првенство учествуваат зазедоа 539 боксери од 107 земји.