Џон Џонс: Израел Адесања е најинтересниот борец во УФЦ

Американскиот ММА борец Џон Џонс зборува за својот омилен борец во промоцијата на Дaна Вајт. Актуелниот шампион на УФЦ во тешка категорија ги изненади сите со изјавата дека негов фаворит е шампионот на организацијата во средна категорија Израел Адесања.

Во последните неколку години Џонс и Адесаwа не престануваа да се навредуваат еден со друг. И двајцата сакаа да се пресметаат, но тоа никогаш не се случи. Тие повторно се шампиони, но не се зборува за нивна пресметка.

Адесања ја врати титулата минатиот месец, а Џонс во март ја освои титулата во тешка категорија. Моментално „Коски“ очекува борба со Стипе Миочиќ, по што тој ќе се повлече од ММА. Израел, пак, допрва треба да го избере следниот противник.

„Мразам да признаам, но во момнетов би го именувал Израел Адесања како мој омилен УФЦ борец. Не сме пријатели, но тој е веројатно најинтересниот борец на промоцијата во моментов.

Целата негова приказна со Алекс Переира, целата сага што ја имаа, тоа е веројатно најинтересното нешто што сум го видел во УФЦ во последно време“, изјави Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО