Столе Стоилов и Пуликсенија Јованоска се најдобрите спортисти во 2019 година, а Ракометната федерација на Македонија е прогласена за најуспешна федерација од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) пред Фудбалската, Карате, Кик-бокс федерацијата…
Боречките спортови и оваа година доминираа, па покрај Пуликсенија Јованоска која е најдобра спортистка, Сашко Арсовски (карате) е прогласен за најдобар тренер, Миа Тодорова (кик бокс, мај тај) и Бесир Алили (борење) најдобри млади спортисти.
Карате тимот во борби Анегла Мојсовска, Симона Заборска, Моника Пендаровска и Сара Радичевскаод УКИМ – Скопје доминираа во универзитетскиот спорт.
Чудно е зошто АМС оваа година не му овозможи на Ипон.мк да гласа што сметаме дека е крајно некоректно, бидјеќи досега беше вклучен во сите избори.
НАЈДОБРИ ВО ИЗБОРОТ НА АМС ЗА 2019 ГОДИНА:
СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Столе Стоилов (ракомет)
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Пуликсенија Јовановска (карате)
НАЈДОБРА ФЕДЕРАЦИЈА: Ракометната федерација
ПОСЕБНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СПОРТОТ: Никола Ѓорѓиев (одбојка)
НАЈДОБАР СЕЛЕКТОР: Сашко Арсовски (карате)
НАЈДОБАР МАШКИ КОЛЕКТИВ: Одбојкарска репрезентација
НАЈДОБАР ЖЕНСКИ КОЛЕКТИВ: Ракометна репрезентација
НАЈДОБАР СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Оливера
Наковска-Бикова (стрелаштво)
НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Бесир Алили (борење)
НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Миа Тодорова (кик-бокс, мау-таи)
УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТ: Карате тим (Анегла Мојсовска, Симона Заборска, Моника Пендаровска и Сара Радичевска) УКИМ – Скопје
НАЈДОБРО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ: „Никола Карев“ – Скопје
НАЈДОБАР УЧИЛИШЕН КЛУБ: „Видое Подгорец“ – Струмица
Фото: Спорт 1.мк