Комисијата за спорт при Општина Штип ги одреди најдобрите спортисти во 2017 година, а каратистката Јована Георгиева (КК Македонка) е без конкуренција најдобра. Таа го освои бронзениот медал на Европското првенство за сениори во борби.
Индивидуалните спортови- каратето, кик боксот и борењето минатата година постигнаа најдобри резултати во Штип. Токму признанијата на најдобрите спортисти одат во овие спортски дисциплини.. Од колективните спортови најмногу профетираа одбојкарките на УГД, кои ги води педагогот Трајче Тасевски..
Најдобар спортист на Штип за 2017 година, според одлуката на Комисијата за спорт на локалната самоуправа, е Јована Георгиева. Второто и третото место, исто така, им припаднаа на каратистите, Жарко Арсовски и Емил Павлов од КК Штип.
Во младинска конкуренција најдобра е Јована Арсова од Кик бокс клубот Гладијатор. И второто место го делат кикбоксерите Благојче Стојанов и Бобан Јосифов, како и третото, на кое се пласира Деспина Димитровска.
Во кадетска конкуренција најуспешен е уште еден кик боксер- Никола Нацев,, кој ја освои бронзата на ЕП,,втор е борачот Давид Мишев од Балканец, а трет е одбојкарот на УГД Стефан Санев .
Најдобар пионер е Стефан Штерјов, Никола Нацев, најдобар кадет, Јована Арсова, најдобра младинка. – Трајче Барбареев и Миланчо Черкезов ќе добијат признанија за 50 годишната работа во каратето и пинг понгот.- Кире Гогов за менаџер на годината и помагател на спортот.
Најмногу дилеми имаше околу изборот на пионерите, за што се бараше и интервенција од една Федерација. На крајот, беа прифатени резултатите на Федерацијата, не на клубот. За најдобар во пионерска конкуренција беше прогласен Стефан Штерјов од Балканец, втор е Јован Данилов, кик бокс, третото место е за Љупчо Михајлов од КК Штип. На ранг листата се наоѓаат и Ненад Панов, борач,Мила Вакувска, одбојка,Димитриј Димитров, КК Македонка, Андреја Арсовски, КК Штип,Филип Денков, џио џицу,Ева Манасиевска, скијање, Дамјан Рунчев,ракомет, Антонија Андоновски, пливање, Ристо Гацов, фудбал и Лука Стојчев, пинг понг Шампиони ФА.
За најдоби тренери се прогласени Шенол Асанов,Сашко Патраклиски, Сашко Арсовски.
За подвиг на годината беше прогласен оној на Марија Ристовска , пливачка на Челични, која го преплива Охридското езеро во должина од 5 километри.Најдобар клуб од колективните спортови е женскиот одбојкарски клуб УГД, најнадежен спортист во колективните спортови Сара Стојанова, одбојка,а најнадежна Мила Вакувска, одбојка. На предлог на членот на Комисијата, Трајче Тасевски беше предложено секоја година да се избираат и тренери кои со децении работат во спортот. Годинава ќе бидат прогласени Трајче Барбареев и Миланчо Черкезов.
За спортски работници на годината беа прогласени Методи Папаров,Благој Донев и Драган Митов., судии Иван Јовановски и Стефан Станков, ракомет.
За посебен придонес во пинг понгот признание ќе добие Петар Костовски. За афирмацијата на Штип признанија ќе добијат и спортистите кои сега играат во други клубови-Николче Караколев, кошарка, Кристина Георгиева-Манева, одбојка, Мартин Поповски, ракомет, како и тренерите кои работат во странство Борче Илиевски и Тане Спасев,кошарка. За менаџер на годината, кој го помага спортот е прогласен Кире Гогов, сопственик на Кит-го, најдобри новинари Виктор Вукановски и Мартин Каровски.
Прогласувањето на најдобрите ќе се одржи на 18 јануари, во 18 часот во Мултимедијалниот центар во месноста Бриони.
Ipon.mk/К.М.