Кендо натпреварувачите на Јошин од Скопје се бореа одлично во екипниот дел на меѓународниот турнир во Солун и извојуваа четири победи и го освои бронзениот медал. Јошин славеше против Кенкан и Оменикаи од Грција, Јошин Тора микс Тим Македонија УК и Атарпос од Солун.
Јошин настапи во состав:Дубровски, Кесковски, Ивановски, Александров и Пешков.
Успехот ќе беше поголем да не се повредеше Александар Кесковски.
„Во четвртфинале Александар Кесковски се повреди и бевме со борец помалку против Италија-Франција микс тим во полуфиналната борба. Одличен перформанс на нашите борци, доколку бевме цел тим сигурно ќе освоевме по сјајно одличје“, вели тренерот Андреј Атанасовски и нагласи:
„Децата беа пуштени во мешани тимови од јуниори со цел да го збогатат искуството во шијаи (натпреварувачко) кендо.
1.Италија-Франција микс тим
2.Атина – Грција
3.Јошин Македонија