Кендо клубот Јошин денес и утре настапува на Меѓународен турнир во Солун, а во деншните на индивидуални натпревари за пионери, јуниори, КЈУ (ученички степени), сениорки и сениори и ветерани над 40 години освоија 8 медали – 2 златни, 3 сребрени и 3 бронзени.
Медали освоија:
Пионери
1.Михаил Миленковиќ – златен
2.Давид Алексовски – сребрен
3.Меланија Крстевска – бронзен
Максимилијан Климоски – борбен дух
Сите се од Јошин.
Во јуниори Димитар Крстевски доби признание борбен дух.
„На децата им е прв интернационален настап. Имаме силна и светла иднина“, велат од нашиот табор.
Во категорија жени КЈУ (ученички степен)
1.Ангела Атанасовска – Јошин- златен
2.Варсами Марија – Онамикаи – Грција
3.Лира Кармен – Кенкан – Грција
3.Леунг Нова – Тора – Англија
Категорија мажи КЈУ
1.Леонидас С. Атрапос – Грција
2.Савин Владимир – Бујукан – Молдавија
3.Александар Кесковски – Јошин
Категорија жени ДАН
1.Астерија Акила – Атенс доџо – Грција
2.Мануела Хофлехнер – Линц- Австрија
3.Ивона Лазаровска – Јошин
Категорија мажи ДАН
1.Фабио Бусси – До акдамес Торино – Италија
2.Андреј Александров – Јошин
3.Серфреда Луца Шубукан – Италија
3.Литрас Триантафолис – Ренма – Грција
Ветерани
1.Василос Кустелидис – Ренма – Грција
2.Глигор Дубровски – Јошин
3.Праксмаер Корнелиус – Линц
На турнирот настапуваат преку 100 натпреваруваќи од Македонија, Грција, Србија, Англија, Израел, Австрија, Молдавија, Бугарија, Полска и Италија.
„Овој турнир е одлична шанса за нашите борци кои речиси сите се репрезентативци, како подготвителен турнир за предстојното 13-то Балканско првенство кое ќе се одржи од 28 до 30 април во Скопје“, вели тренерот Андреј Атанасовски, истакнувајќи дека Матеј Ивановски и Владимир Пешков стигнале до четвртфинале.