Јошин освои 4 медали на Меѓународниот кендо турнир во Русе

На Меѓународниот кендо турнир во Русе, Бугарија, натпреварувачите на Јошин освоија 4 медали во поединечна конкуренција – 1 сребрен и 3 бронзени.

Медалите во поединечна конкуренција ги освоија кадетите Димитар Крстевски – сребрен и Матеј Илиоски – бронзен, во женска конкуренција Ангела Атанасовска и Ивона Лазаровска го делеа третото место, односно се закитија со бронзи.

Турнирот се одржува по повод 25 годидни кендо во Русе. Ова е регионален турнир и е последен  интернационален за нашите натпреварувачи.

Нашиот тим настапува во мешан состав, денес бесе индивидуално.

Утре екипна конкуренција ќе настапува во мешан состав: Кесковски, Атанасовска, Лазаровска, Пешков и Андреј Атанасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО