Кендо клубот Јошин од Скопје ќе учествува на турнирот Србија опен на кој ќе настапат 200 натпреварувачи од Европа.
Јошин ќе настапи во јуниорска конкуренција, мажи и жени. Во сабота се индивидуалните натпревари, а во недела екипните.
Овој турнир е во програмата за подготовки за Светското првенство во Милано наредна година во мај.
Од овој турнир ќе почне селекција за најдобриот национален тим.