Традиционалната Летна карате школа, која по 44 пат ќе се одржи во Сутоморе, Црна Гора, од 14 до 23 јуни ќе има и специјален гостин – Јорго Огненовски.
Стандардно Летната школа ја води екипа на инструктори: Живко Тасевски, Атанас Филиповски, Јованчо Јовановски, Оливер Милорадовски, Петар Ристевски, Гоце Андриевски, Зоран Најдановски, Ѓорге Наков и Стевче Христовски.
„Специјален гостин ќе биде еден од моите први ученици, Јорго Огненовски, кој ќе го пренесе своето големо искуство на помладите генерации! Се надеваме на убав семинар по повод прославата на 50 годишнинатаод постоењето на Карате секција Партизан 3 – ШКК Јошитака – Скопје“, вели Живко Тасевски.
Инаку, школата се реализира во соработка со Туристичката агенција Скаут од Скопје.
Ipon.mk/В.Д.