Јордан Георгиев е добитник на наградата за животно дело на Општина Кочани која се доделува по повод ослободувањето на градот 7 Септември.
Денес на свечена седница на Советот на Општина Кочани на Георгиев му беше доделена Наградата за животно дело. Јордан се заблагодари на градоначалникот Љупчо Папазов и на Советот на Општина Кочани за наградата.
Георгиев остави длабока трага во спортскиот живот на Кочани и Македонија, и како спортист и како спортски рабтник.
За Јордан Георгиев
Јордан Георгиев е роден на 25 јануари 1944 година во Грдовци-Кочани. Средно образование завршува во гимназијата со економски паралелки „Љупчо Сантов“ во Кочани во 1963 година.
Завршува Виша тренерска школа во Белград 1963-1966 и станува, виш тренер по борење, атлетика и одбојка.
Дипломира на Филозовскиот факултет во Скопје на Универзитетот „Кирил и Методиј“ 1966-1970, професор по педагогија.
Станува меѓународен судија по борење во Атина 1977 година.
Работно искуство
1967-1968 тренер на БК „СПАРТАК“ –Кочани
1968-1970 МВР Кочани
1970-1975 ЦОУ „Тодор Арсов“ с.Зрновци – наставник по физичко воспитување
1975-1986 секретар за физичка култура на ОСИЗ –Кочани
1985 раководител на Организација за управување и одржување на спортски објекти во сопственост на ОСИЗ –самостоен субјект
1986-1989 раководител на спортски објекти Кочани
1989 секретар на Културно просветна заедница Кочани
1991-1995 основач и сопственик на ППС Шампион Кочани (приватник)
1995-2000 самостоен земјоделец
2008 – пензионер
Достигнувања и резултати во спортот
Првите почетоци на борењето сè уште во далечната 1960 година, по иницијатива на Ристо Георгиев – Пирката се основа секција за борење ДТВ Партизан, каде како основач се јавува Јордан Георгиев, покрај Ристо Георгиев, Борис Наков, Насе Насев, Јордан Манов и Павле Серафимов.
1961-младински шампион на Југославија, прв шампион од Кочани сл. 1
1962 – Републичко младинско првенство во Велес – 1 место, мува категорија (Нова Македонија 02/07/1962-стр. 10)
1962 – државен младински првак на Југославија мува категорија 1962 (Нова Македонија 09/07/1962-стр. 10)
1963-стипендијант на СОФКА Југославија
1963 – Државно првенство на Југославија 1 место – перо-лесна категорија (Нова Македонија 20/04/1963-стр. 10)
1964 – Поединечно првенство во Македонија-3 место/ Државно првенство на
Југославија – сениори-2 место (Нова Македонија 22/04/1964-стр. 12)
1966-учество во подготовките на репрезентацијата на Југославија за Олимписките игри во Токио, под раководство професор.Љубомир Ивановиќ Геџа-тогашен селектор во грчко римски стил, освоени два медала, златен и бронзен.
1966– државен шампион на Југославија – сениори (Нова Макединија 29/06/1964-стр.12)
1966– Трет награден шампионат на Југославија –слободен стил,1 место перо лесна (Нова Макединија 18/01/1966-стр.8)
1967-1968 – тренер на БК Спартак
1977-1983 – меѓународен судија по борење, прв од Кочани, 10-ти во Македонија
1983-1986 тренер на БК Спартак
Во тоа време тренер, на подоцна врвните спортисти-борачи, носители на многу медали, Коце Ефремов, Влатко Гуцов, Санде Донев, Јанев Јорданчо, Благојчо Алексов, Таши Деливанов, Мане Дамјанов-Ампо и др.
1983 БК Спартак Државен првак со остварени следни резултати
– 1 во место во поединечна конкуренција Цветковски Мијалче и 12 членови од клубот остваруват 2-3 места во разни категории и истите понатаму стануваат врвни спортисти.
-2 медали на подинечни младински европски правенства
-екипна победа на Трофејот Ермионе –Сицилија
-3 втори места од Лигата на екипна конкуренција
-бројни златни, сребрени и бронзени медали од првенства за сениори,јуниори и кадети.
Достигнувања и реалаизирани проекти за афирмација и употреба на спортот во Кочани
-За една година со средства на ОСИЗ Физичка култура и образование 45 и 5% месни заедници се изградени вкупно 33 асфалтни терени,15 ракометни, 11 кошаркарски и 7 одбојкарски на различни локации во Кочани;.
-изградба на помошна сала, денес сала на СОУ „Љупчо Сантов“
-1978-Изградба на градски стадион, источно крило, со капацитет 3000 гледачи и пострибински простор 1100м2, пуштен во употреба1980 година;
-1978-дренирање на градски стадион и фудбалски игралишта во Оризари;
-1980-изградба на СРЦ „Пониква“-трасирање на проекти, рани стази, сеча на шума и земјени работи, изградба и монтажа на брвнара;
-1981-поставување на ски лифт Пониква 1 кој подоцна се заменува со 3 пати поголем капацитет – на принцип помагалски;
-1982- изградба и пуштање во употреба на ски лифт Пониква 2;
-1982- трасирање на патека за слалом и изградба на ски лифт Пониква 3;
-1985- изградба на планинарски дом Пониква;
-1985-изградба на друг капитален објект –комплекс на базени со олимписки димензии (за 3 месеца и 10 дена пуштен во употерба). За исиот постоеја проекти за негово затворање и работа во зимски услови, кои до денес не се реализирани;
-1986-1989-регистриран Спортски центар за управување на сите спортски објекти,кој не профунционира,објектите се распределини по стопански организации;
-1999 –поднесена ининцијатива за отварање на школа за подготовки на врвни спортисти-експериментална програма,одобрена, но не е добиен објект за реализација и останува само идеја.