Јонузи и Аземи победија во Балканската лига во Пеќ (ФОТО)

Боксерите од Шкупи ја претставуваа Македонија, Хурмет Јонузи и Адријан Аземи, на Балканската лига за деца, кадети и јуниори во Пеќ, Косово, и извојуваа победи .

Јонузи го победи Шпенд Кики од Урошевац, а Аземи Кастриот Малуши од БК Пеќ. Адријан прикажал една од најдобрите борби на турнирот.

Тренерот Насер Харуни вели и двајцата многу добро се бореле и биле многу подобри од своите противници.

Инаку, учествуваа боксери од Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON