Кунабскиот ММА борец Јоел Ромеро ќе настапи на 6 мај на настанот Белатор 260 против Мелвин Манхоф, но тој покажа и желба да се бори со шампионот во средна категорија Гегард Мусаси.
Ромеро има 45 години и е на залезот на кариерата, па сака уште еднаш да го нападне шампионскиот појас.
Два пати се обиде да ја нападне титулата во УФЦ, но загуби од Роберт Витакер и Израел Адесања.
Кубанецот има четири порази во низа и го загуби последниот меч во дебито за Белатор против Фил Дејвис.
Американскиот борец го победи Ромеро минатиот септември со поделена одлука на судиите.
Гегард Мусаси двапати ја освои титулата „Белатор“, против Рафаел Карваљо, а потоа беше подобар од Даглас Лима.
Три пати ја бранеше титулата на Белатор, последен пат во февруари против Остин Вандерфорд. Во моментов има четири победи во низа.