Јоел Ромеро потпиша со Белатор

Јоел Ромеро изненадувачки потпиша договор со Белатор. Поранешниот предезвикувач за титулата во средна категорија на УФЦ првично доби негативен одговор од Скот Кокер (претседател на вториот најпознат ММА синџир во светот), но очигледно најсилниот човек во Белатор се предомисли.

Божјиот воин се очекува да дебитира за ММА организацијата следната година во полутешка категорија.

Ромеро има биланс од 13 победи и 5 порази во ММА. Поранешниот светски шампион во борење во категорија до 85 кг и освојувач на сребрен медал на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година има добиено 11 средби сите со нокаут. 43-годишниот ветеран е во тешка серија од три последователни порази (Роберт Витакер, Пауло Коста), а во последниот меч во октагонот Кубанецот падна од шампионот на дивизијата – Израел Адесања. Последниот успех на Ромеро во кафезот датира од 10 февруари 2018 година, кога го нокаутира Лук Рокхолд.

Да потсетиме дека Ромеро изненадувачки беше ослободен од УФЦ откако забележа серија од 3 последователни порази во октагонот. Во оваа одлука „натажена“ и возраста на кубанскиот борец. Божјиот воин има 43 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON