Во најновата ранг листа Карате 1 Премиер лигата нашиот каратист Берат Јакупи во категоријата до 84 килограми убедливо води со 1292 поени пред Италијанецот Нело Маестри (920) и Гркот Михаил Цанос (832).
Водечката позиција на Јакупи се должи на првото место во Ханау, Германија. На големото финале на Премиер лигата во Салзбург нашиот репрезентативец влегува со најголеми шанси да го освои златниот медал. Со тоа би станал број еден каратист во светот во Лигата. Тоа ќе биде голем успех за македонското карате.
Од друга страна, Жарко Арсовски ќе се бори да ја сочува третата позиција, а европскиот прваки Емил Павлов ќе мора да даде се од себе за да биде трет во конечниот пласман.
Во кати во јуниорска конкуренција за жени сестрите Мишела (198) и Маријана (174) Димоски ќе се борат за бронзениот медал, од третата и четвртата позиција. На првите две позиции се Италијанките Терјана д Онфорио (318) и Лиса Пиви (258).
Мажи, борби – 84 кг
- Берат Јакупи – Македонија 1292 поени
- Нело Маестри – Италија 920
- Гркот Михаил Цанос – Грција 832
+ 84 кг
- Енес Еркан – Турција 1144
- Иман Санчоли – Иран 822
- Жарко Арсовски – Македонија 660
- Ридван Каптан – Турција 648
– 60 кг
- Лука Мареска – Италија 1112
- Амир Мади Задех – Иран 944
- Даглас Бросе – Брасил 752
- Емил Павлов – Македонија 710
– 67 кг
- Доме Сегеди – Унгарија 990
- Ивс Маршал Тадиси – Унгарија 870
- Редуан Кусексу- Мароко 832
Кати
- Ву Дук Мин Дак – Франција 1488
- Исеи Шимбаба – Јапонија 1042
- Дамиан Уго Кинтеро – Шпанија 1032
Жени, борби -50 кг
- Александра Рекија – Франција 1352
- Серап Озчелик – Турција 1112
- Бетина Планк – Австрија 862
-55 кг
- Мики Кобајаши – Јапонија 1654
- Сара Кардин – Италија 1206
- Туба Јакан – Турција 952
-61 кг
- Луси Игнас – Франција 1024
- Анита Серогина – Украина 1006
- Лусил Бретон – Франција 720
-68 кг
- Инга Шерозија – Русија 930
- Пега Кракоти – Иран 902
- Сониа Формажер -Франција 712
+68 кг
- Фани Клавин – Швајцарија 960
- Надеж Аит Ибрахим – Франција 848
- Малтем Хочаоглу – Турција 656
Кати
- Терјна д Онфорио – Италија 1190
- Санди Скордо – Франција 1168
- Хоанг Нган Нгујен – Виетнам 986