Јиржи Прохаска најави каква стратегија ќе има против Гловер Тешеира

Гловер Тешеира за прв пат ќе ја брани титулата во полутешка категорија на настанот УФЦ 275 во Сингапур на 11 јуни, а противник му е Чехот Јиржи Прохаска.

Тешеира го освои појасот во октомври минатата година, кога во втората рунда со давење од пзади го победи Јан Блахович. Тоа беше негова шеста победа во низа.

А Прохаска многу брзо доби шанса да се бори за тронот.

Имено, чешкиот борец дебитираше во УФЦ на крајот на 2020 година, и по двете победи против Волкан Оездемир и Доминик Рејес ја освои титулата предизвикувач.

За Јиржи ова е меч на кариерата, а во едно од последните интервјуа откри каква тактика ќе користи против шампионот.

„Морам да го сменам стилот, особено се занимавав со борење и борби на партер. Затоа тренирав со Хенри Сехудо, а слични подготовки имав и со тренери во Чешка. Сите знаат во што сум многу добар, која е мојата слабост. Но, тренирав сè и верувам во себе многу повеќе од порано“, истакна Јиржи Прохаска и додаде:

„Гловер е голем противник и поради тој меч тренирав уште некои вештини во кои досега не сум бил толку добар. И сега сум многу подобар во тоа. Морам да доминирмам во борбата и на партер. Другите борци го прифаќаат неговиот борбен стил и само се бранат. А не сакам да се бранам. Напаѓам постојано и секогаш сакам да доминирам“.

Јиржи Прохаска има 28 победи, три порази и една нерешена броба. Интересно, 25 меча ги заврши со нокаут, во два победи со „принуда“, а на еден славеше со судиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON