Јиржи Прохаска му понуди реванш на Гловер Тешеира (ВИДЕО)

Јиржи Прохаска минатиот месец го освои шампионскиот појас на УФЦ во полутешка категорија. Чешкиот борец во многу неизвесен меч го совлада Бразилецот Гловер Тешеира, кој беше на добар пат да го одбрани појасот со гушење во петтата рунда.

Но, моментот на невнимание беше доволен за да се свртат работите, а Прохаска беше првиот борец што го принуди Тешеира да се предаде.

По мечот Чехот побара борба против Јан Блахович, но сега на сите им стави до знаење дека е подготвен да му понуди реванш на Гловер.

„Сакам повторно да се борам со Гловер. Не затоа што ќе биде уште една голема борба, туку поради друга причина. Мојот настап на првиот меч беше лош. Ќе ви покажам зошто сум шампион. И мислам дека Гловер заслужува и реванш. Мојата понуда е тука“, изјави Јиржи Прохаска во видеото кое го објави на Инстаграм.

Нема сомнеж дека 42-годишниот Гловер Тешеира ќе ја прифати понудата и ќе се обиде да си го врати шампионскиот појас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО