Јиржи Прохаска ја ослободи титулата

Јиржи Прохаска се откажа од титулата на УФЦ во полутешка категорија.

Реваншот на Прохаска со Гловер Тешеира следниот месец нема да се одржи на УФЦ 282 во Лас Вегас. Прохаска се здоби со сериозна повреда на рамото за која беше потребна операција. Поради повредата Јиржи одлучи да ја ослободи титулата за да не го запре развојот во дивизијата.

УФЦ веднаш реагираше и објави дека Јан Блахович и Магомед Анкалаев ќе се борат за титулата. Нивната борба беше коглавна за УФЦ 282, но сега ќе биде главен настан на 10 декември. УФЦ им нуди поврат на средствата на носителите на билети за оригиналниот главен настан.

„Од почит кон спортистите и категоријата Прохаска избра да ја ослободи титулата и ќе се бори за појасот веднаш штом ќе биде медицински здрав“, напиша УФЦ во соопштението до медиумите.

Според ЕСПН.цом, природата на повредата може да бара период на опоравување до една година. Набргу по објавувањето на веста, Прохаска се огласи со соопштение на социјалните мрежи. Вака напиша поранешниот шампион:

„Многу сум разочаран што морам да објавам дека нема да го бранам мојот појас на УФЦ 282.

Се повредив во Лас Вегас додека го завршував тренингот. Го повредив рамото и морав да направам операција која ќе ме остави надвор од терените најмалку шест месеци.

Знаејќи ги овие информации, решив, во консултација со раководството на УФЦ, дека поради овој временски рок, нема да ја задржам титулата во полутешка категорија.

Ќе се борам за УФЦ појасот штом лекарите ми дадат зелено светло за борба. Ќе се борам за појасот и ќе го земам без разлика кој го држи во моментот.

Ќе се вратам за шест месеци и ќе ја земам титулата од оној што ја носи. Им се извинувам на моите фанови, пријатели, семејството кои купија билети и направија планови да дојдат во Лас Вегас за да ме поддржат.

Сакам да му се извинам и на Гловер. Победа!“, напиша Прохаска.

Не е јасно што ќе се случи со Тешеира. Веројатно нема да се бори за титулата во следната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ESPN MMA (@espnmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON