Конор Мек Грегор немал антидопинг контрола оваа година. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна потврди дека ирскиот борец моментално не е вклучен во протоколот на УСАДА, кој е задолжителен за сите активни спортисти.
Мек Грегор минатиот јули ја скрши ногата на мечот против Пориер, и се уште се опоравува.
Неговото враќање на борбите се очекува следната година. Првиот човек на промоцијата додава дека Мек Грегор мора да помине шест месеци тестирање пред да се врати во октагонот, а тоа го потврди и УСАДА.
Но, сега во јавноста се појавија податоците за тоа кои борци биле најмногу тестирани во 2022 година.
Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Јиржи Прохаска е тестиран дури 51 пат. Само минатиот месец Чехот бил земен 24 пати од УСАДА.
Ова е донекаде нереален податок, бидејќи на листата на борци кои се најмногу тестирани следат Манел Капе и Камару Усман, тие биле тестирани само 15 пати во текот на годината.