Единствениот наш претставник на Европското превнство во кик бокс во Марибор, Јетмир Емрули, е поразен во првиот настап со прекин во третата рунда.
Емрули настапи во категоријата до 71 килограм во К-1 и беше совладан со 3-0 од Мирослав Смолар од Словенија.
На ЕП учествуваат 523 натпреварувачи од 39 држави. Секој од учесниците во К1 дисциплината во одредена категорија претендира да биде дел од Светските игри во Вроцлав, Полска, следната година. Светските игри се под покровителство на Интернационалниот олимписки комитет , а кик боксот ќе биде демонстративен спорт
К-1 дисциплината се смета за една од најатрактивните и најпрестижните во кикбоскот и е претендент за олимписка дисциплина.
Во склоп на Европското првенство се одржа и Генерално собрание на WAKO/ВАКО Европа, како и состанок на Бордот на директори на кој присуствуваше и претседателот на Кик бокс федерацијата на Македонија, Александра Неделковска.
Ipon.mk/В.Д.