Казахстанците се владетели на олимписката велтер категорија.
На четири Олимписки игри во серија од четиримина казахстански боксери го освоија златниот медал во велтер категорија. Ова е прв пат четири различни боксери од иста земја да освојат злато на четири последователни Олимписки игри.
Бахтијар Артајев беше златен во Атина во 2004 година, Бахјт Сарскебајев четири години подоцна во Пекинг, Серик Сапијев 2012 година во Лондон, а Данијар Јелеусинов во Рио де Жанеиро.
25-годишниот Јелеусинов во финалето на категоријата до 69 кг со едногласна одлука на судиите (29-28, 29-28, 29-28) го победи Узбекистанецот Шахрама Гијас.
Четири последователни победи во истата категорија пред нив оставрија само кубанските тешкаши. Но, тогаш од 1992 до 2000 година на три олимпијади златен медал освои Феликс Савон, додека Одланиер Солис беше златен во Атина.
И листата на земји кои три пати по ред го освојувале златниот медал во истата категорија е краток и вклучува уште една тешкашка легенда од Куба.
– Куба во средна категорија 1992-2000 година (Ариел Хернандез двапати и Хорхе Гутиерез)
– САД во полутешка категорија 1952-1960 (Норвет Ли, Џејмс Бојд и Мухамед Али)
– Куба во тешка категорија 1972-1980 (Теофило Стивенсон, три пати)
до 69 кг
1.Данијар Јелеусинов (Каз)
2.Шахрам Гијасов (Узб)
3.Мохамед Раби (Мар)
3.Сулејман Диоп Цисоко (Фра)