Јасин Османи од КК Форца на Европското шотокан карате првенство на Светската шотокан федерација во Истанбул-Турција освои бронзен медал во категоријата до 45 килограми во борби за деца родени 2004 година.
Една недела претходно во Белград на „Белгрдаски победник“ освои сребрен и бронзен медал, во борби и кати. На силниот турнир учествуваа 1250 натпреварувачи од 100 клуба од 9 држави.
На „Тетово опен 2015“ Османи освои златен медал во борби и бронзен во кати. А во Тетово допатува директно од Истанбул.
Карате клубот Форца на Тетово опен осви 13 медали-5 златни, 2 сребрени и 6 бронзени.
Златни медали освоија Дурата Мемети 2008 ката, Јасин Османи 2004 кумите -45 кг, Верона Ајдини кадете -47 кг, екипно 2008 ката (Дурата Мемети, Јелда Имери ,Јетон Рамадани, екипно мажи 2008 ката (Фехми Весели , Амел Весели ,Амар Халими); сребрени медали освоија Сухејб Весели 2006 ката, Јетон Рамадани 2008 ката и бронзи Амел Весели 2008 ката, Јон Дардишта 2006 ката, Зубејр Бајрами кумите -40 кг, Јасин Османи 2004 ката, Сајра Морина кадете кумите +54 и 2006 ката микс ( Јон Дардишта , Сухејб Весели , Јанина Дардишта ).