Јасин Лама дебитираше со победа во професионалниот бокс. Тој го совлада Самуил Димитров од Бугарија со прекин во втората рунда на настанот „Најт оф д чемпионс“ во Тетово, а во организација на БК Шкендија но лимит.
Така, Лама ја забележа првата победа, а Димитров го прокнижи 14 пораз, наспроти две победи и 1 нерешна борба.