Македонските боксери без победа на Меѓународниот турнир „Влазнија 2019“ во Скадар, Албанија.
Нашите боксери загубија во полуфиналните борби. Џан Демиров во категоријата 56 кг загуби со прекин по два нокадуни во првата рунда од Мухамед Џамили од Албанија. Јасин Лама по голема борба во три рунди загуби со 2-1 од Џузепе Канонико од Италија во категоријата 60 кг.
Вчера Арсим Етеми го заврши настапот со пораз од Симоне Фиори од Италија во категоријата 81 кг.
Судијата Стефан Цубалевски ќе суди еден меч на завршните натпревари.
Ipon.mk