Јасин Лама незадоволен од одлуката на судиите на Балканското првенство

За жал, нашиот најдобар боксер во оваа година Јасин Лама (-63 кг) е поразен од Романецот Георге на Балканското првенство во бокс за сениори во Анталија – Турција. Освојувачот на „Златниот гонг“ не ја прифати одлуката на судиите.

Лама беше едн од нашите адути за висок пласман, но се чини предниот лев директ на Романецот беше продорен и му овозмошуваше да врзува комбинација со крошеа и аперкати. Лама не попушти во ниту еден момент и се бореше храбро до крајот на борбата.

Да потсетиме дека вчера Арсим Етеми (-81 кг) загуби со 0-5 против Бирол Ајгун од Турција, а Гоце Јанески го совлада репрезентативецот на Србија Филип Џиниќ со 3-2 и обезбеди бронзен медал. За медлаот ќе се бори со Бесрат Пирева од Косово кој учествуваше на годинашниов „Златен гонг“ и прикажа одлична борба Фатмир Етеми. Полуфиналето на програмата е утре.

„Најдобриот боксер во средна категорија (75 килограми) Гоце Јанески учествуваше на голем број меѓународни настани и неговите искуство се исплати уште во првиот ден од настанот. Македонецот беше малку подобар од српскиот Филип Џиниќ и напредуваше во следната фаза од првенството“, напиша ЕУБЦбоксинг.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON