Освојувачот на последниот „Златен гонг“ од 2019 година, Јасин Лама, вечерва ќе ја брани честа на македонскиот бокс на годинашново јубилејно 50-то издание. Лама во финалето на категорија до 60 килограми боксира против Јоан Филипов од Бугарија.
Англија има 4 финалисти, а Црна Гора тројца.
Финалните борби почнуваат во 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со пренос на МТВ и Арена спорт.
Финале „Златен гонг 2021“:
-51 кг Шабан Димитров (Бугарија) – Џозеф Мехмуд (Англија)
-54 кг Ростислав Билостоцки (Украина) – Башким Бајоку (Косово)
-57 кг Џон Омеара (Англија) – Шон Пурсел (Ирска)
-60 кг Јасин Лама (Македонија) – Јоан Филипов (Бугарија)
-67 кг Шпетим Бајоку (Косово) – Вајн Кели (Ирска)
-71 кг Јоан Крофт (Велс) – Даврон Бозоров (Молдавија)
-72 кг Лук Мегваер (Ирска) – Ала Алмахмуд (Украина)
-75 кг Игор Рогиќ (Србија) – Гаран Крофт (Велс)
-80 кг Емир Шаботиќ (Црна Гора) – Арон Боен (Англија)
-86 кг Милорад Пуриќ (Црна Гора) – Слободан Јовановиќ (Србија)
+92 кг Димитрије Мириќ (Црна Гора) – Картни Бенет (Англија)