Порази на Арбреша Реџепи и Хамза Јашари на Светското првенство во Чиле.
Арбреша Реџепи (-48 кг) во првото коло Светското џудо првенство за кадети Сантјаго – Чиле е поразена од фаворитката Аико Ватанабе од Јапонија со 1 ипон и 1 вазари.
Бидејќи Ватанабе не се пласира во финалната четворка, Арбреша не доби шанса за репасаж.
И Хамза Јашари (-66 кг) е поразен во првата борба со вазари од Молдавецот Петру Пеливан.
Утре ќе настапи и Еди Шерифовски (- 73 кг) кој ќе бори против Лик Вокер од Тринидад и Тобаго.
На Светското првенство учествуваат 441 натпреварувач од 68 држави, од кои 235 во машка и 206 во женска конкуренција.
Ipon.mk/В.Д.