Организаторите на Олмписките игри во Токио велат дека Игрите ќе се одржат како што беше планирано – во јули, и покрај наглото зголемување на бројот на заразени од ковид-19 низ целиот свет.
Јоширо Мори, шеф на Олимпијадата во Токио 2020, изјави дека неговиот тим не размислува да ги менува плановите за Игрите – и дека членот на одборот што предложил тие да се одложат поради коронавирусот се извинил.
И извори од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) потенцираат дека ништо не е променето, а организаторите посочуваат дека има уште повеќе од четири месеци додека да почнат Игрите.
Високи функционери од ИОК в четврток во Олимпија ќе присуствуваат на палењето на олимпискиот факел во античкиот храм Хера. Потоа, факелот ќе продолжи со осумдневно патување низ 37 града во Грција пред да биде предадено во Јапонија, каде што ќе посети 47 префектури во текот на 121 ден пред да пристигне на церемонијата на отворање на 24 јули.