Јапонски епидемиолог бара откажување на Олимпијадата во Токио

Епидемиологот и поранешен стручен советник на јапонските власти, Кентаро Ивата, го сподели своето мислење за Олимписките игри во Токио во 2021 година.

Претходно, Олимпијадата во 2020 година беше одложена за следната година поради пандемијата на коронавирус.

– Ќе биде тешко да се победи новиот коронавирус низ целиот свет до следната година, и затоа, одржувањето на Летните олимписки игри во Токио, најверојатно, ќе треба да се откажат. Прво, Јапонија мора да го победи коронавирусот, и второ, вирусот мора да биде потиснат во другите земји. Можеби е можно да се исполни првиот услов до следната година. Вториот услов? Во оваа прилика, јас сум многу песимист, изјави Ивата.

Голем број луѓе од различни земји учествуваат на Олимпијадата, што не е многу во согласност со условите во кои сме сега и, најверојатно, ќе продолжиме да бидеме во следната година, додаде Ивата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON