Неверојатна борба одработија Даики Мацушита и Еито Хисаки Хигашимото на настанот К-1 во Токио.
За само 90 секунди љубителите на кикбоксот видоа нереална размена на удари. Еито го однесе противникот во аголот, а потоа почна да го удира како боксерска вреќа, но потоа работите се свртеа.
Мацушита возврати жестоко, го здрма својот противник, кој брзо потоа падна на подот, по неверојатната серија на удари.
Еито не се откажа, стана, но повторно беше испратен на подот, а Мацушита дојде до победата за само 90 секунди.