Светската боксерска асоцијација (ВБА) одлучи Риота Мурата да биде новиот шампион во суперсредна категорија. ВБА оценија дека треба да му го дадат ослободениот појас на Сол Алварез-Канело на својот редовен јапонски шампион.
Тој ја заслужи промоцијата откако го победи Роб Брант на реваншот во јули 2019 година, според федерацијата.
34-годишниот Мурата во кариерата има 16 победи (13 нокаути) и 2 порази.
Тој беше промовиран од Топ ранг и затоа би му било тешко да обезбеди борба со некое од големите имиња во категоријата. Со Генади Головкин и Деметриус Андраде ги менаџира Боб Арам, но тие имаат ексклузивни договори со ДАЗН.
Така, Јапонецот е во ќорсокак за повеќемилионска битка, и покрај неговиот шампионски статус.