Јане Мелов – БК Неготино: Се стремиме да работиме со наш кадар, што е и наша главна цел!

Боречкиот клуб Неготино покажува константен напредок од сезона во сеозна под водство на тренерот Јане Мелов. Годинава најверојатно ќе има лига натпревари, а тоа го навести и преодниот, при што вопдечките клубови Балканец и Лирија остено за се засилија. Во сабота е Државното изборно првенство каде што ќе се одмерат силите и ќе се види потенцијалот на нашите борачи.

„Подготовките за новата сезона ги реализиравме во Неготино“, истакна тренерот јане Мелов.

Водечките клубови Балканец и Лирија се засилуваат. Нешто како да се подготвуваат за лига натпревари. Вие дали сте за лига систем?

-Мислам дека не се исполнети сите услови за лига натпревари. Можеби Балканец и Лирија се подготвени за лига превснство, но останатите клубови не се на тоа ниво.

Минатата сезона неколку ваши борачи се наметнаа на изборните и државните првенства. Што очекувате оваа година?

-Ние во БК Неготино секоја година се трудиме да оставиме се подобар впечаток.

Ќе изборат ли место во репрезентацијата?  Имате ли засилувања?

-За тоа дали ќе избориме место во репрезентацијата ќе видиме како ќе се покажиме на претстојните изборни првенства на државно ниво во сите старосни категории. Засилувања нема да имаме, се стремиме да работиме со наш кадар, што е и наша главна цел.

Што е потребно за да се развие борењето во Неготино?

Борењето има долга традиција во Неготино, потребно е обновување на опремата (душек). Со еден збор кажано – финансиски средства. Моментално работиме од спозорство на локалните фирми и Општината, кои се многу мали и не можиме да го оствариме зацртаното.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON