Јан Блаховиц го предизвика Џон Џонс за УФЦ 244

Јан Блаховиц доаѓа по една од најголемите победи во ММА откако го нокаутира Лук Рокхолд во втората рунда на настанот во Лас Вегас што се одржа овој месец. Блаховиц има добиено 5 од последните 6 борби и смета дека треба да добие шанса за титула во категорија.

Јан загуби во февруари со нокаут од Тијаго Сантос, а со оглед на неговата позиција во дивизијата во тешка категорија, тој е единствениот во топ 10-те кој се избори за титула, откако Дана Вајт веќе го отпиша Кори Андерсон. Блаховиц го смета ова како своја шанса и го предизвика Џон Џонс на борба.

„Јас не сум борец за тастатура и немам милион следбеници на Инстаграм. Не возам спортски автомобили со златен ланец на вратот. Јас сум еден од најдобрите борци во категоријата и преку мојата чесна и напорна работа заработив шанса за титула.

Ви гарантирам претстава што е достојна за УФЦ. Џон, ајде да го сториме тоа – овде и сега. УФЦ ајде да го направиме тоа на УФЦ 244 во Њујорк“, порача Блаховиц.

https://www.instagram.com/p/B0f06UrhoLD/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО