Јан Блахович веднаш го прозва Алекс Переира

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Јан Блахович бара противник, па пред некој ден изјави дека има желба да се пресели во средна категорија за да се соочи со шампионот Израел Адесања.

Полјакот не се откажува и го прозва последниот ривал на Изи, Алекс Переира.

Имено, бразилскиот борец минатиот викенд го загуби УФЦ појасот по поразот од Адесања и изјави дека сака да се пресели во полутешка категорија. Блахович веднаш му понуди меч.

„Переира е голем и ќе видиме како ќе изгледа во полутешка категорија. Тој е огромен и силен, но сè уште не знаеме колку е добар во копнена борба. Ќе видиме како ќе изгледа кога некој ќе го сруши“, истакна Јан Блахович и додаде:

„Но, ќе видиме што ќе направат. Можеби ќе остане во средна и повторно ќе го нападне појасот. Но, би се борел со него, сакам предизвици. И тој е голем предизвик. Тоа би била добра борба, но прво треба да видиме што ќе одлучат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON