Јан Блахович сака реванш со Израел Адесања.
Адесања успеа да ја врати титулата во средна категорија. Тоа се случи на УФЦ 287 кој се одржа минатиот викенд во Мајами, Флорида. Израел го нокаутира Алекс Переира во втората рунда за да си го врати појасот. Реално, во моментов нема многу претенденти за титулата во делот на Адесања.
Израел ги победи сите врвни борци и не е јасно што е следно за него. Постои можност Адесања да сака реванш против Блахович. Тие се бореа во октомври 2021 година во Лас Вегас. Борбата беше деби на Адесања во полутешка категорија.
Блахович го надмудри и победи со одлука. Јан сега е подготвен да се симне во средна категорија за да се обиде да го освои појасот.
„Честитки до Израел Адесања за овој успешен реванш.
Ако сакаш уште еден реванш, тогаш знаеш каде да ме најдеш. Овој пат ќе биде во средна категорија за твојата титула“, напиша Блахович на Твитер.