Јан Блахович потврди дека договорил меч против Адесања

Договорена е борбата за титулата во полутешка категорија меѓу УФЦ шампионот Јан Блахович (35-8) и Израел Адесања (20-0), но двете страни се уште чекаат да потпишат договор.

Ова го потврди и полскиот борец во објавата на Твитер.

Судирот меѓу Блахович и Израел треба да се најде во програмата на УФЦ 259 закажан за 6 март. За тој датум, веќе е објавена борба за титулата во перо категорија за жени меѓу Аманда Нунеш и Меган Андерсон.

Јан Блахович за првпат ќе ја брани титулата против актуелниот шампион во средна категорија, непоразениот Израел Адесања.

„Сè е договорено. Само чекам да го потпишам договорот“, напиша Јан Блахович во постот на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON