Јалови го надмудри Ѓоргиев, Ибраим кондиционо падна во втората борба на Светското првенство во кик бокс

Димитар Ѓоргиев нема да атакува на четвртата светска титула откако претпалднево на Светското сениорско првенство во кик бокс во Сараево, Босна и Херцеговина, загуби од Србинот Љубо Јалови. Емир Ибраим  е поразен во вториот настап од Русинот Борис Шкиунов и остана без медал, бидејќи со победа ќе го освоеше бронзениот медал.  

„Јалови не е негов стил на борец. Во првата рунда Јалови направи разлика и потоа само ја одржуваше предноста, со тоа што го чека[е Димитар да работи и на секој земен поен Јалови веднаш враќаше. Очигледно го има анализирано стилот на борба на Ѓоргиев штом вака се се бореше.

Инаку Димитар многу смирено, релаксирачки, без многу напрегање ја изработи борбата. Очекував многу повеќе од него, но тоа е спортот, а бидејќи знам што може“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.

За Емир вели дека изгубил со броење во втората рунда и дека кондиционо паднал, иако технишки добро се борел.

Резултати

63,5 кг, лоу кик
Емир Ибраим – Руци Лучјано (Грција) 3-0
Емир Ибраим – Борис Шикунов (Русија) 0-3

-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Љубо Јалови (Србија) 0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON