Јакомичи и Нишики ќе одржат тренинзи и предавања за каратето во Скопје!

jakomici

Амбасадата на Јапонија во Виена (која ја покрива и Р. Македонија) планира да организира демонстрација плус тренинг за карате на 3 и 4 ноември 2015 година во Скопје, со двајца мајстори од Јапонија: Масааки Јокомичи (шотокан 6 дан) и Кен Нишики (шотокан 5 дан).

 Ken nisikiНастанот е во официјална соработка со Македонскиот олимписки комитет (МОК)  и Карате федерацијата на Македонија (КФМ), во делот за обезбедување на услови и поканување на учесници.

 За оваа цел претседателот на Комисијата за спорт и наука при (МОК) и  на Стручниот совет на КФМ, Назим Куртовиќ, и членот на Извршниот одбор, Горан Милковски, во мај оваа година оствариле средба и со претставник од јапонската амбасада.

 Јапонските инструктори ќе допатуваат во Македонија на 2 ноември, а замислата е да се одржат два настана: на 3 ноември ќе се посетат МОК , АМС , КФМ  и салата за тренинг,

во попладневните или вечерните часови ќе има мини демонстрација и тренинг; на 4 ноември претпладне ќе се посети на едно училиште во Скопје, каде што ќе има демонстрација и кратко предавање.

 Фактички, првиот ден е предвиден за тренинг со каратисти од КФМ , а вториот ден за посета на некое училиште, каде што би се одржало општо предавање за каратето, со цел да се промовира и кај оние деца кои не се бават со овој спорт.

На некој начин, препорачано е сите репрезентивци во кумите и ката да учествуваат на тренингот, како  и тренерите на клубовите.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON