Јадонг Сонг го победи Рики Симон со прекин, а потоа го прозва Шон О’Мели

Кинезот Јадонг Сонг ја искористи можноста и во главната борба на УФЦ Фајт најт 223 настанот во Лас Вегас и го победи домашниот борец Рики Симон со прекин во петтата рунда.

Сонг со одличен финиш го заврши противникот, а потоа го прозва Шон О’Мели, кој може да чека борба за титулата и го спомена Чита Вера.

За својот настап, борецот во бантам категорија доби еден од четирите бонуси што УФЦ ги подели за тој настан.

Во конанасловната борба Каијо Бораљо го победи Полјакот Михал Олексејјчук со принуда во втората рунда, за што беше дополнително награден.

Родолфо Виеира, исто така, заработи бонус од 50.000 долари за неговата победа со гушење со триаголник против Коди Брундејџ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Резултати од настанот УФЦ Фајт најт 223:
Сонг Јадонг – Рики Симон – ТКО (удари), 5 рунда (1:10)
Каијо Бораљо  Михал Олексејчук – завршница (гушење од позади), Р2 (2:49)
Родолфо Виеира – Коди Брундејџ – завр. (гушење со рачен триаголник), Р2 (1:28)
Фернандо Падиља – Џулијан Ероса – ТКО (удари), Р1 (1:41)
Маркос Рожерио де Лима – Валдо Кортес-Акоста – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Треј Вотерс – Џошуа Квинлан – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)

Воведни борби:
Мартин Будај – Џејк Колиер – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Коди Дурден – Чарлс Џонсон – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Ирина Алексеева – Стефани Егер – завршница (под колена), Р1 (2:11)
Маркус Мекги – Тревел Њусон – завршница (давење од позади), Р2 (2:03)
Џејми-Лин Хорт – Хејли Кауан – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON