Изминатиот викенд во Загреб се одржа ММА настанот „Фајт нејшн чемпионшип“. Во еден од мечевите во кој се сретнаа босанскиот борец Ади Дураковиќ и Аргентинецот Франциско Барио се случи доста необична ситуација.
Откако судијата даде знак борбата да почне, двајцата борци кружеа во октагонот, а веќе по 10 секунди борбата заврши. Дураковиќ наводно се пожалил дека почувствувал силна болка во градите и притоа му се поматил видот. Судијата веднаш означи крај, набрзо потоа на Дураковиќ му била укажана лекарска помош откако изгубил свест, по што бил пренесен во болница.