Ја позлатија Тинибекова за среброто на Олимпијадата во Токио (ФОТО)

Аисулу Тинибекова, која освои сребрен медал во категоријата до 62 килограми во женско борење, во татковина е наградена со многу вредни и нематеријални награди. Актуелната светска и азиска шампионка доби сума од 10 милиони сома (околу 100 илјади евра), заедно со сосема нов автомобил, а покрај тоа на Тинибекова и беше доделена една од најважните државни награди – „Орден на Манас“ втор степен.

Сребрениот медал на Тинибекова од Игрите во Токио беше првиот за Киргистан за жени на Олимписки игри воопшто!

„Драги пријатели! Денес нашата работа е ценета уште еднаш, ние сме среќни со нашите тренери и родители! Мене ми е доделен Орден II степен. Ова е огромна одговорност за мене! Добив и чек вреден 10 милиони сома. Ми беа дадени и клучевите за нов автомобил. Претседателот лично ми го подари овој подарок во негово име. Ова беше изненадување за мене! Ви благодарам многу, Садир Нургојоевич“, напиша борачката на својот Инстаграм профил, позирајќи со новиот автомобил.

На крајот на 2020 година Тинибекова ја освои титулата на индивидуланиот Светски куп (-62 кг) во Белград, Србија. 28-годишниот борачка сега е четирикратен шампион на Азија (двапати во 58 кг и 2 во 62 кг).

Аисулу Тинибекова е голема славна личност во родниот Киргистан. Многу често по натпреварите таа е поканета од претседателот на државата Садир Јапаров и од премиерот Улукбек Марипов на средби за благодарност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON