Флертувањето на Тајсон Фјури со Светската кечерска федерација станува се посериозно. Британецот веќе официјално има закажано датум за меч со Браун Струман. На 31 октомври во Саудиска Арабија, двајцата масивни спортисти ќе учествуваат во една од главните борби на забавното шоу.
Другата голема атракција на вечерта ќе биде судирот на поранешните шампиони на УФЦ, Каин Веласкез и Брок Леснар. Тоа ќе биде деби на Фјури и Веласкез во најкомерцијалниот кечерски синџир.
„Кралот на Циганите“ веќе се појави два пати во шоуто и се расправаше со брадестиот гигант. Логичното се случи и сега нивната приказна ќе продолжи. Сепак, една од опасностите за Фјури е веројатноста да се повреди и на тој начин да наруши тренинг-ритамот пред неговиот реванш со Дионтеј Вајлдер во поечтокот на 2020 година.
Веласкез веќе има искуство во рекреативни спортови. Учествуваше во шоуто Триполиманија, што се одржа во Мексико.