Кингпин Боксинг донесе изненадувачка одлука да ја дисквалификува Даниела Хемсли од финалето на своите инфлуенсерски борби, откако русокосата ги разголи градите во победата над госпоѓицата Даниелка минатиот викенд.
Хемсли предизвика многу реакции во спортските кругови, откако на гледачите им покаже повеќе од очекуваното во обид да ја изрази радоста за победата.
Сепак, парадоксот е што учесниците во овие борби се познати токму по нивната способност на сличен начин да ја испровоцираат публиката. Повеќето од натпреварувачите имаат акаунти на Онлифанс, а меѓу нив е и познатата порно актерка Ели Брук, која ги промовира натпреварите со своето голо тело.
Критичарите, пак, се огласија против боксерските натпревари меѓу непрофесионалци, бидејќи често сме сведоци на неспортско однесување, изложување на неоправдан ризик по здравјето и несериозно однесување во церемониите кои ги придружуваат овие гала вечери.
A STATEMENT FROM SATURDAY NIGHT 💬 pic.twitter.com/v4ZV8R24PR
— KINGPYN BOXING (@kingpynboxing) July 19, 2023