Извршниот совет на ВТ одлучи: Борците сега можe да се пријават за Г натпреварите без согласност на федерацијата

Поради порастот на поплаките против националните федерации кои ги блокираат спортистите да учествуваат на Г натпревари или официјални настани, Извршниот совет на ВТ/ WT одобри теквондо борците слободно да се регистрираат без да бараат дозвола од нивната федерација, пишува MASTKD.

Одлуката е донесена на состанокот на Извршниот совет одржан во средата во Гојанг, а пред Светското првенство во Пумсае, со напомена дека мерката ќе се применува на Г1 и Г2 натпреварувањата во кои учеството не е исклучиво за репрезентации.

Важно е да се додаде дека за да се регистрираат за овие турнири, натпреварувачите мора да имаат соодветна документација и ажурирана Глобална спортска лиценца (ГАЛ). Оваа дозвола може да се обработи и лично, а не преку националната федерација.

Оваа мерка е донесена по многуте лоши искуства на спортисти кои имале проблеми во текот на кариерата кога националните федерации не им дозволувале да учествуваат на официјални турнири, а со тоа ја изгубиле поддршката, спонзорството и можноста да освојуваат бодови за пласман.

Претседателот Чунгвон Чоу честопати вели дека ќе ја поддржи одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON