Извршниот директор на Мечрум: Тешко дека битката Џошуа-Вајлдер ќе биде договорена

Неодамна беше објавено дека преговорите за боксерски меч меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер се заглавени, а сега тоа го потврди и извршниот директор на Мечрум бокс, Френк Смит, додавајќи дека тешко дека нивниот меч ќе се одржи.

Еден од водечките луѓе на Мечрум бокс за порталот Бокс сошл изјави дека „организаторите во Саудиска Арабија се главните виновници што мечот нема да биде договорен“.

„Долго разговаравме со Скил челинџ, но мислам дека е малку веројатно дека ќе ги продолжиме разговорите. Сè уште верувам дека сите страни сакаат да ја договорат таа борба, како и Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер… Но, нема повеќе да разговараме со Скил челинг“, изјави Френк Смит и додаде:

„Најважно за нас е Ентони Џошуа да остане активен и да го поддржуваме во неговото враќање на врвот. Се надеваме дека наскоро ќе имаме нови вести“.

Еди Херн неодамна изјави дека условите се договорени, но не е сигурен дали некогаш ќе биде постигнат конечен договор.

Тој потврди дека и двајцата поранешни светски шампиони ја посакуваат борбата, а можно е еден ден таа да се одржи во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON