Израел Адесања најави дека ќе има лесна работа против Џаред Канониер

Шампионот на УФЦ во средна категорија, Израел Адесања, ќе ја брани титулата против Џаред Канониер на настанот УФЦ 276, кој ќе се одржи на 2 јули во Лас Вегас.

За Изи ова ќе биде петта одбрана на појасот од октомври 2019 година, кога во борбата за титулата го совлада Роберт Витакер.

Канониер е особено опасен напаѓач и секогаш физички добро подготвен, додека Адесања е еден од покомплетните борци со одлична техника.

Шампионот е сериозен за секоја борба, па максимално се подготвува за овој натпревар.

Во објава преку Твитер тој размени неколку пораки со својот соборец Бред Ридел.

„Тоа е најдобрата болка. Ќе се задржам на тоа“, напиша Адесања, а Ридел објасни дека тоа биле жестоките подготовки на Изи.

„Ќе го направам тоа со леснотија“, заклучи Израел Адесања.

Но, соочувањето со нигерискиот борец со новозеландски пасош е секако тешка задача. И по овој меч има намера да го задржи појасот.

„Појасот е доста тежок, а во моментов не знам каде се наоѓа. Не се врзувам за такви работи. Но, ми се допаѓа што е во моја сопственост“, истакна Израел Адесања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON