Израел Адесања и Шон Стрикленд ќе го предводат УФЦ 293 на 10 септември во Сиднеј, Австралија.
Борбата меѓу нив ќе биде за титулата во средна категорија. Адесања го заложува појасот против Американецот кој годинава забележа 2 победи. Сè уште има некои мали детали кои треба да се испеглаат пред борбата да биде официјално објавена од УФЦ. Сепак, тие напорно работат на тоа.
Адесања има скор од 24-2 во ММА. Во април оваа година го нокаутира Алекс Переира и ја врати титулата. Израел загуби од Алекс само во средна категорија. Неговиот друг пораз беше во полутешка категорија од Јан Блахович. Израел победи 16 пати со нокаут и загуби 1 пат со нокаут. Има 5 успешни одбрани на појасот.
Стрикленд има скор од 27-5 во ММА и е во победничка серија од 2 борби. Шон заврши 15 од неговите борби и двапати беше нокаутиран. Во кариерата нема пораз со завршница. Стрикленд загуби само од Переира и Џаред Канониер во неговите последни 10 борби во УФЦ.
View this post on Instagram