Мерењето помина за УФЦ 248 што ќе се одржи за неколку часови во Вегас. Битката за титулата во средна категорија меѓу Израел Адесања и Јоел Ромеро сега е официјална, бидејќи и двајцата влегоа во категоријата. Адесања немаше потешкотии и застана на 83,68 килограми, а Ромеро го искористи поголемиот дел од своето време и за да ја усклади тежината.
Јоел беше потежок и тежеше 83.91 кг. Вејли Жан и Јоана Једжејчик исто така влегоа во границата на сламка категоријата и беа со иста тежина. Двете тежеа 52,16 кг. Единствениот борец кој не успеа да го помине мерењето е Емили Витмаер.