Живко Тасевски – Чижмар во петок, 11 септември, ќе ја направи 12-тата самостојна изложба насловена „Изолација“ во доџото „Златна генерација“ во Кисела Вода во Скопје.
„Изложбата е продажна, собраните средства ќе се употребат за учество на меѓународни натпревари што претстојат, на натпреварувачите од ранливите категории, како и за опрема и учество на подготовки и семинари на истите!“, напиша тасевски на поканта за овој настан.
Тасевски ги змаолува сите заинтересирани што ќе бидат присутни да се држат до препораките на Владата и задолжително да носат маски. На влезот ќе биде мерена температура со безконтактен ласерски мерач, како и други заштитни мерки.